Француската држава треба да плати 10 милиони евра поради непреземање мерки против загадување на воздухот

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Државниот совет на Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра бидејќи не презела доволно мерки мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во одредени делови на земјата, јави дописникот на МИА.

Судот исто така се закани дека ќе ја казнува државата со дополнителни 10 милиони евра на секои шест месеци додека не се исполнат стандардите.

По тужба на неколку еколошки здруженија минатата година, Државниот совет на 10 јули 2020 година и нареди на Владата да преземе мерки за намалување на емисиите на честички и загадувачки материи во неколку градови и региони.

Сумата од 10 милиони евра, досега е највисоката наметната казна за да се принуди државата да применува одлука на Управниот суд, и е показател за повеќекратните неуспеси на последователните влади да ги спроведат целосно наредбите на највисокиот административен суд во Франција.

Државниот совет тогаш и нареди на државата да ги спроведе плановите за намалување на нивото на честички ПМ10 (со дијаметар помал или еднаков на 10 микрони) и/или азот диоксид (НО2, особено поврзан со сообраќајот на патиштата) во тринаесет зони. Но, три години подоцна, и покрај усвоените насоки, вредностите уште ги надминуваат осум од нив и и дадоа рок од шест месеци на државата да ги заостри своите мерки.

На крајот на јануари 2021 година, Државниот совет започна анализа за да ги процени новите политики, вклучително и планираната генерализација на зони со ниски емисии што го ограничуваат сообраќајот во големите градови.

Државниот совет на почетокот на 2022 година ќе ги разгледа акциите на Владата за втората половина од годинава и може „повторно да нареди плаќање на нова казна од 10 милиони евра, која евентуално може да се зголеми или намали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот