Француска агенција за јавно здравје предупредува: Вакцината „Модерна” да не се користи за лица под 30 години

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Француската агенција за јавно здравје препорачува на лицата помлади од 30 години да им се дава „Фајзер” вакцината против Ковид-19 наместо „Модерна”, која има релативно поголем ризик од проблеми со срцето.

Агенцијата што ја советува француската Влада наведува дека постојат „многу ретки” ризици од развој на миокардитис во случајот со вакцината „Модерна”, според француско истражување чии резултати беа објавени во понеделникот.

Француската агенција препорачува, сепак, вакцината „Модерна” да се користи за луѓе постари од 30 години, бидејќи е поефикасна.
Европската агенција за лекови минатиот месец одобри „бустер” доза на вакцината „Модерна” за сите возрасни групи постари од 18 години, најмалку шест месеци по втората доза.

ЕМА претходно оваа година објави дека утврдила можна поврзаност помеѓу ретки срцеви заболувања и вакцината против Ковид-19 на „Фајзер” и „Модерна”. Но, придобивките од двете вакцини базирани на mRNA ги надминуваат ризиците, посочи ЕМА, а тоа го истакнуваат и американските регулатори и СЗО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот