Франција воведува нови правила за патниците надвор од ЕУ

Ковид состојба во Париз, Франција/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Франција ќе бара од сите патници надвор од Европската Унија да покажат негативен тест за ковид, без оглед на статусот на вакцинација, објави Индипендент.

По редовниот неделен состанок на Министерството за одбрана на Франција, владиниот портпарол Габриел Атал им потврди на новинарите дека од следната сабота сите патници, вакцинирани или не, ќе мора да покажат негативен тест при влез во земјата.

Овој потег уследи откако голем број земји ширум светот ги заострија условите за влез на странски патници поради појавата на омикрон сојот на коронавирусот, кој се прошири во неколку земји од ЕУ.

Одлуката на Париз ќе важи и за граѓаните на Велика Британија.

На невакцинираните патници им е дозволен влез во Франција само доколку имаат важна причина за доаѓање во таа земја, а за нив важи правилото дека мора да покажат негативен ПЦР или тест за антиген кој е направен најдоцна во рок од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот