Франција уште посилна во нокаут фазата: Се враќа Бензема!?

epa10310723 France's Karim Benzema attends his team's training session in Doha, Qatar, 17 November 2022. The FIFA World Cup 2022 will take place from 20 November to 18 December 2022 in Qatar. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Селекторот на Франција Дидие Дешам може да добие вистинско изненадување за нокаут фазата – Карим Бензема!

Бензема непосредно пред почетокот на Светското првенство отпадна од составот на Дешам поради повреда. Најдобриот светски фудбалер за 2022 година ја напушти селекцијата по првиот трениг на подготовките, па воопшто не допатува во Катар.

Но, сега од Шпанија пристигнуваат информации кои говорат дека рехабилитацијата на Бензема оди подобро од очекуваното и би можел да се врати на терените за три дена.

Ако таквите најави се остварат Бензема ќе може да и помогне на Франција во нокаут фазата каде што „триколорите“ веќе се пласирани после стартните две победи.

Треба да се знае дека Дешам не повика замена за Бензема и вФро Катар отпатува со 25 играчи, па Бензема остана списокот доставен до ФИФА и има право за настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот