Франција се мачи со птичји грип

Птичји грип Франција
Фото: EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

Франција го предупреди населението за опасноста од појава на птичји грип, откако беше откриен злобен вид на овој вирус во живината на една фарма на североистокот од земјата, по откриените случаи во соседните земји Белгија и Луксембург, објави француското Министерство за земјоделство денес, пренесува Ројтерс.

Високо заразливиот вид на птичји грип, H5N8, беше откриен оваа недела меѓу патките, кокошките, мисирките и гулабите во едно домаќинство во регионот Ардените, по што сите живини биле заклани како мерка на претпазливост, се вели во соопштението на француското министерство.

„Здравствената состојба во врска со високо патогениот птичји грип е загрижувачка. Од 1-ви август, во Европа се откриени 25 случаи на диви птици и одгледувани дома“ додаде министерството.

Два случаи на вирусот Х5Н8 беа пријавени минатата недела во Белгија, еден кај човек кој работи со трговија на птици и еден во приватно домаќинство.

Последните случаи на птичји грип Х5Н8 ја натераа Франција да ја подигне проценката на ризик на „умерена“ од „занемарлива“, што значи дека живината во некои региони во земјата ќе треба да се чува во затворени простории, соопшти министерството.

Појавата на оваа болест не треба да го загрози статусот на Франција како безбедна земја „без птичји грип“, која ја доби по претходниот бран на инфекција со вирусот Х5Н8, процени министерството.

Епидемијата на птичји грип може да ги поттикне земјите увознички, особено во Азија, да воведат трговски ограничувања за производите од месо од живина.

Минатата зима, Франција закла околу три милиони живина во регионот на југозапад од земјата, позната по одгледување патки, во обид да го спречи ширењето на вирусот од диви птици на домашна живина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот