Франција сака да го ре-национализира гигантот за електрична енергија ЕДФ

Француската фирма за електрична енергија ЕДФ
Француската фирма за електрична енергија ЕДФ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Француската премиерка Елизабет Борн денеска нагласи дека Франција има намера да ја ре-национализира фирмата за електрична енергија ЕДФ со цел енергетска безбедност на државата.

„Денеска ви потврдувам дека државата има намера да држи 100 проценти од капиталот на ЕДФ. Со тоа ќе му се овозможи на ЕДФ да ги зајакне своите капацитети за да ги спроведе во најкус можен рок своите амбициозни и незаменливи проекти за нашата идна енергија“, изјави таа пред пратениците во нејзиното прво појавување по парламентарните избори.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот