Франција приреди изненадување на одбојкарскиот турнир во Токио

Фото: EPA-EFE/WU HONG

Француската репрезентација за првпат во својата историја обезбеди учество во полуфинале на едни Летни олимписки игри.

На одбојкарскиот турнир во Токио во четвртфиналето приреди изненадување елиминирајќи го двократниот светски шампион Полска со резултат 3:2 во сетови 21:25, 25:22. 21:25, 25:21 и 15:9.

Најефикасен кај „триколорите“ беше Жан Петри со 21 поен, а 17 додаде неговиот репрезентативен колега Ирвин Нгапе.

Кај Полјаците, за кое ова е петто по ред испаѓање од олимпискиот турнир во четвртфиналето, не беа доволни 29 поени на Вилфрид Леон, ниту 26-те на Бартош Курек.

Полска остана на само еден медал во машката одбојка, златото од Монтреал во 1976 година.

Франција во полуфиналето в четврток од 14.00 часот ќе игра против Аргентина која претходно со 3:2 ја елиминираше Италија и по вторпат во својата историја стигна до полуфиналето.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат актуелните олимписки шампиони и светски вицешампиони Бразил против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот