Франција по 30 години добива жена премиер

Елизабет Борн
Елизабет Борн / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Францускиот претседател Емануел Макрон ја именуваше Елизабет Борне, досегашна министерка за труд и работни односи за премиерка на Франција. Борне која претходно го покриваше секторот за заштита на човековата околина ќе го замени досегашниот премиер Жан Кастекс кој поднесе оставка на функцијата.

Со ова Борне која сега треба да формира нова влада, ќе биде втората жена на премиерската функција по подолго време во земјата. Претходно, како првата Французинка премиер била Едит Кресон, која таа функција ја имаше во време кога претседател беше Франсоа Митеран. Но, на позицијата остана само 11 месеци од мај 1991 до април 1992 година.

Досегашниот премиер Кастекс, кој важеше за близок на десниот центар во домашната политика, уште пред претседателските избори во април објави дека ќе се повлече од функцијата ако Макрон освои уште еден претседателски мандат. Според неговото објаснување, оставката ја има поднесено за да на центристичката партија на Макрон и даде нов елан“ пред парламентарните избори во јуни.

Според француските медиуми, Макрон сака на премиерската функција која во основа е техничка, по својата природа во тамошната политика да има способен политичар „силен за општествените теми и прашања, за човековата околина и за производството” а притоа тоа да биде жена.

Таа има 61 година, а ТВ станицата Франс 24 ја опишува како „умерен бирократ“, гледано низ нејзината кариера во изминатите пет години како министерка за сообраќај, за човекова околина и досега за труд. Но, има извршувано и бројни разни функции во француската Социјалистичка партија, која ја подржува владата на Макрон.

Аналитичарите во Париз оценуваат дека таа како министерка за труд ја има намалено невработеноста во Франција на најниско ниво во последните 15 години, а најболната точка невработеноста на младите за дури 40 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот