Франција одби да ја признае новата влада на Авганистан

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан/ Фото: МИА

Франција смета дека претставниците на радикалното талибанско движење, кое ја презеде власта во Авганистан, не ги исполнија своите ветувања пред меѓународната заедница, па Париз одбива да ја признае новата влада формирана од талибанците. Ова синоќа го соопшти францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан за телевизијата Франс 5, пренесува Ројтерс.

– Франција одбива да има какви било односи со оваа влада, рече Ле Дријан, нагласувајќи дека талибанците не ги исполнуваат своите ветувања.

Шефот на француската дипломатија потсети дека Франција побара од членовите на движењето да дозволат слободно заминување за сите што тоа го сакаат, да дозволат слободна испорака на хуманитарна помош, меѓу другото, во оние области кои не се под директна контрола на талибанците, потоа да ги почитуваат човековите права, особено правата на жените и правото на образование, и конечно, да одбијат каква било соработка со Ал Каеда.

– Во претходните денови рекоа дека ќе дозволат да заминат не само странци, туку и Авганистанци, ветија и инклузивна влада, но на крајот излажаа, заклучи Ле Дријан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот