Франција од трансферот на Меси ќе заработи 147 милиони евра

ПСЖ ќе плати 147,3 милиони евра во државната каса/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Официјално Аргентинецот дојде како слободен играч во ПСЖ, неофицијално за три години во Париз ќе заработува 40 милиони по година.

Доаѓањето на Лео Меси во францускиот клуб е најголемата приказна ова лето, настан кој на промени историјата на најпопуларниот спорт.

Дел од таа приказна, секако е и финансискиот аспект на овој трансфер. Француските медиуми анализираа и колку неговото доаѓање ќе влијае на францускиот буџет.

И пресметаа дека ПСЖ ќе плати 147,3 милиони евра во државната каса за време на неговиот престој во клубот.

Од тоа, 38,2 милиони евра ќе се плаќаат годишно за неговото здравствено и социјално осигурување, а 10,9 милиони годишно даноци.

Ова значи дека ПСЖ ќе потроши околу 270 милиони евра за доаѓањето на Меси за три години, вклучувајќи ја и неговата плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот