Франција ja обвини Велика Британија за дискриминација

фото МИА

Францускиот министер за европски прашања Климан Бон ги критикуваше британските правила за патување, нарекувајќи ги дискриминаторски, откако Лондон објави дека ќе ги задржи мерките за карантин за патниците што доаѓаат од Франција, но не и за оние од другите земји на ЕУ.

Неговата реакција дојде откако Лондон објави дека ќе им овозможи на целосно вакцинирани патници од ЕУ и САД да влезат во земјата без карантин од следната недела, но дека правилата за Франција се уште се разгледуваат, пренесува британскиот весник „Гардијан”.

– Тоа е неразумно и искрено неразбирливо од здравствени причини. Не се базира на наука и е дискриминаторско кон Французите, изјави Бон за телевизијата LCI.

Сепак, тој изрази надеж дека ќе се изврши ревизија што е можно побрзо, бидејќи, како што вели, станува збор за здрав разум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот