Франција и Грција потпишаа воен договор вреден милијарди евра

Кирјакос Мицотакис и Емануел Макрон/ Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Грција и Франција потпишаа воен договор вреден неколку милијарди евра, договор што овие земји го поздравија како прв чекор кон подобрата воена соработка на континентот, пренесува Гардијан.  

Две недели по понижувачкото раскинување на договорот за изградба на подморници за Австралија и неочекуваниот воен договор на Австралија, Велика Британија и САД (АУКУС), Париз објави дека постигнале профитабилен договор со Атина.  

„Европејците мора да се разбудат од нивната наивност“, рече францускиот претседател Емануел Макрон, опишувајќи го договорот како дел од подлабокото „стратешко партнерство“ меѓу двете земји, кои имаат заеднички интереси на Медитеранот.  

„Кога сме под притисок, покажувањето дека имаме моќ и способност да се браниме, ќе ни донесе почит“, додаде Макрон.  

Договорот не е само знак за доверба во француското производство, туку и храбар прв чекор кон „стратешка автономија на Европа“. Врз основа на договорот, за кој грчките медиуми тврдат дека вреди 5 милијарди евра, Франција ќе испорача три врвни фрегати „Белхара“ до 2025 година, со можност за испорака и на четврта.  

Тендерот за воените бродови бил многу напнат. Британците се обиделе да го „засладат“ бизнисот со тоа што понудиле два воени бродови на Кралската морнарица на Грција за употреба додека не се завршат фрегатите. И другите земји на НАТО ги испратија своите понуди. Иако француската понуда била најскапа, по неуспехот на договорот со Австралија, понудата беше сменета и сега вклучува воена помош по потреба. 

“Ова е историски ден за Грција и Франција. Ја споделувам со претседателот Макрон визијата за развивање на потребните одбранбени способности и способноста на Европа да одговори независно на предизвиците што претстојат”, рече Мицотакис.  

„Нашиот договор го отвора патот кон автономна и силна Европа, Европа која може да ги брани интересите на своите понатамошни соседи, на Медитеранот, Блискиот Исток, Сахел“, додаде тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот