Франција и Германија ја одбележуваат 60-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор за пријателство

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, како и пратеници од двете земји денеска ќе имаат заеднички дискусии во Париз за безбедноста, енергетиката, европските и други прашања.

Целиот германски кабинет е во Париз на заеднички состаноци, а 300 претставници на двете земји на Универзитетот во Сорбона ќе одбележат 60 години од потпишувањето на Елисејскиот договор.

Макрон и Шолц ќе разговараат за тоа како Европа ќе одговори на субвенциите за американските производители на електрични автомобили и други бизниси, што се предвидени во американскиот Закон за намалување на инфлацијата, подготвен од администрацијата на Бајден. Двете страни ќе разговараат и за одбранбената и воената помош за Украина.

Средбата првично беше закажана за октомври, но неколкупати беше одложувана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот