Франција ги држи замрзнати цените на енергијата до крајот на годинава

Елизабет Борн
Елизабет Борн / EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Ограничувањето на цените на енергенсите во Франција е продолжено до крајот на оваа година, објави премиерката Елизабет Борн.

Со заштитните тарифи, кои првпат беа воведени во ноември минатата година, цените на бензинот беа замрзнати на ниво од октомври 2021 година, а растот на струјата исто така беше ограничен на максимални 4,0 отсто. Оваа мерка требаше да истече на 30 јуни, но сега е продолжена, јавува порталот connexionfrance.com.

Премиерката Борн рече дека уредбата за продолжување на споменатата мерка ќе биде објавена во наредните денови.

„Ограничувањата на цените им обезбедуваат на потрошувачите гарантирани тарифи во Франција, а државата е таа која ја плаќа разликата во однос на пазарните цени, кои очигледно значително растат во Франција и во другите европски земји“, се вели во соопштението на Кабинетот на францускиот премиер.

Истражувачкиот центар Бројгл со седиште во Брисел проценува дека Франција ќе потроши 38 милијарди евра за мерки наменети за ограничување на растот на цените.

Француската министерка за енергетска транзиција Агнес Пани-Рунашер рече дека Франција би можела да продолжи без руски гас се додека резервите на течен природен гас (LNG) на земјата се доволни.

„Во апсолутна смисла… би можеле да направиме без руски гас, под претпоставка дека сите испораки на ТПГ пристигнуваат на време и дека можеме лесно да ги надополниме нашите стратешки залихи“, изјави таа за радиото BFM Business во четвртокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот