Франција ги снабдува бензиските пумпи од стратешките резерви

Оливие Веран/ Фото EPA-EFE/THOMAS SAMSON

Француската влада објави дека по штрајковите во рафинериите и складишта за енергенси кои го прекинаа производството и ги блокираа испораките на гориво во Франција, посегна до националните стратешки резерви на нафта за да обезбеди снабдување со бензински пумпи што останаа без гориво.

Портпаролот на француската влада Оливие Веран рече дека ситуацијата е „тензична”, но истакна дека нема недостиг од гориво на национално ниво, апелирајќи до потрошувачите да не паничат да купуваат гориво.

Во најпогодениот регион От-де-Франс, властите ја забранија продажбата на бензин и дизел на клиентите во канистри.

„Кога е потребно, ги користиме нашите стратешки залихи за да овозможиме снабдување на бензинските пумпи”, рече Веран на прес-конференција.

Штрајкот што го свика левичарскиот синдикат ЦГТ во Тотал Енерџи ја прекина работата во две рафинерии и две складишта, а две рафинерии Ексон Мобајл се соочуваат со слични проблеми од 20 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот