Франција бара чаре за хакерските напади врз клучни болници

Фото; EPA-EFE/HORCAJUELO

Француската Влада соопшти дека ќе спроведе голема „програма за обука” за заштита и одбрана на здравствените установи од хакерски напади.

Мерката следува по серијата такви напади врз медицинските установи во земјата.

„Целта е сите поважни здравствени установи до мај наредната година да ги спроведат вежбите и соодветната обука”, се посочува во заедничката изјава на министрите за внатрешни работи, за здравство и за дигитални услуги.

Во соопштението уште се истакнува дека ќе бидат спроведени и дополнителни мерки за утврдување и спроведување на најдобрите реакции и практики во случај на кибер-напад.

Мерката е последица на растечката загриженост во Франција поради нападите, во кои кибер-криминалците ги напаѓаат компјутерските мрежи на здравствените установи, оттаму крадат податоци и потоа бараат откуп за нивно ослободување.

На почетокот на овој месец хакери упаднаа во системот на голема јавна болница во Версај кај Париз, при што Одделението за итни случаи беше принудено да работи со половина, а породилното со третина од капацитетот.

Друга болница јужно од Париз, во предградието Корбеј-Есон, беше цел на хакерски напад во август.

Во февруари минатата година, кога се зголеми алармот за ранливоста на здравствениот систем, претседателот Емануел Макрон најави дополнителна милијарда евра за кибер-безбедноста во здравствениот сектор. Тогаш тој како „криза во криза” ја нарече серијата напади во екот на епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот