25 C
Скопје

Франческо Тоти: Мојот син да игра за Лацио? Никогаш!

Синот на Франческо Тоти, Кристиан моментно настапува за младите надежи на Рома, следејќи ги чекорите на прославениот татко.

Легендарниот италијански фудбалер вели дека никогаш не би го пуштил својот син да игра за вечниот ривал на Рома.

Синот на Франческо Тоти, Кристиан моментно настапува за младите надежи на Рома, следејќи ги чекорите на прославениот татко.

Поранешниот капитен на „Волчицата“ неодамна истакна нема да застане на патот на Кристиан доколку сака да игра за Лацио, што наиде на критики од навивачите на Рома.

Тоти на Инстаграм веднаш демантираше во разговорот со уште една легенда Алесандро Дел Пјеро.

Реков дека доколку би се однесувал како агент и ме повикаат Јувентус, Милан или Лацио, би им дал одговор. Кристиан е како мене. Одговорот ќе биде ист, а тоа е „не“. Не сум толку глупав да му дозволам на мојот син да игра за Лацио – се зборовите на 43-годишниот Тоти.

Целата своја професионална фудбалска кариера ја помина во дресот на Рома, со 618 натпревари и 250 голови.

Со клубот успеа во сезоната 2000/2001 да ја освои Серија А, а има и по две титули во Купот и Суперкупот на Италија.

Поврзани вести

Марковски уште три, Хорват уште две години во тимот на Металург

Слободен печат

Пуштени во продажба влезниците за ЕП 2022, навивајте за ракометарите за само 14 евра

Слободен печат

Реал подготви 80 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Слободен печат

Најстарата жена на светот се откажа од носење на олимпискиот оган

Слободен печат

Реал ќе извиси, Левандовски гледа кон Премиер лигата

Слободен печат

Пеп Гвардиола кариерата ќе ја заврши во Барселона

Слободен печат

Остави Коментар