Fox News: Албанскиот претседател го обвинува Сорос за дестабилизирачки заговор

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Американскиoт медиум, Fox News, ги коментираше изјавите на албанскиот претседател Илир Мета, со кои тој го обвинува Џорџ Сорос дека е вмешан со заговор со цел да ги фати државните алки и за дестабилизација на земјата, пренесува Топ Чанел.

„Албанскиот претседател го обвини левичарскиот добротворен милијардер, Џорџ Сорос, дека бил вклучен во локалните избори, што тој ги нарекува “фарса”, дел од заговор за да ги фати сите алки на албанската држава“, американскиот медиум го цитира Мета и појаснува дека претседателот не понудил никакви докази за да ги поддржи овие обвинувања.

“Имам два збора и за почитуваниот милијардер, Џорџ Сорос. Ни помогна во 2000 година, бидејќи и тој е социјалиста во ставовите. Но, Виктор Орбан ми имаше речено: „Бидете внимателни зошто не е толку демократ и заговора и против демократијата”, го цитира Fox News, претседателот Мета.

Во текстот на медиумот се потенцира дека претседателот се осврнал со обвунувања и кон меѓународната заедница, вклучувајќи ги ЕУ и САД, повикувајќи ги дипломатите да не станат смешни и да не поигруваат со Уставот на Албанија.

Според Fox News, Мета се обидел да ги одложи изборите од неделата, велејќи дека тие нема да бидат демократски без учеството на опозицијата, која ги бојкотираше.

Сепак, додава американскиот медиум, премиерот Еди Рама нареди изборите да се одржат, во кои неговата партија се очекува да излезе победник со огромна разлика. Од друга страна, опозицијата, го нарече ниско учеството (21,6%), како неуставно и незаконско.

Fox објаснува како Мета објавил друг датум за изборите, но кој беше одбиен од владата, која формираше истражна комисија за разрешување на претседателот.

Опозицијата продолжи со протестите обвинувајќи ја владата за манипулација со гласовите на претходните избори, што владата ги негираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот