ФОТО+ВИДЕО | Заев: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе се направи непоправлива штета врз големата европска идеја

Зоран Заев Румен Радев
Зоран Заев и Румен Радев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела и ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка.

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничка средба со првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша и бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо кај Крањ.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан и беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Од Владата информираа дека Заев денеска ќе има заедничка работна средба и со Радев, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Премиерот посебна билатерална средба ќе има со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и беззедност, Жозеп Борел. На маргините на Самитот премиерот Заев ќе има билатерални средби и со неговите колеги од Естонија и Ирска, Каја Калас и Мајкл Марти.

Премиерот Заев за предводи делегацијата на Северна Македонија на Самитот во Брдо кај Крањ, во која, како што јави известувачот на МИА, се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Извор: МИА

Средба Пендаровски – Пјат: Поддршката од САД за Западен Балкан е исклучително важна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот