ФОТО+ВИДЕО | Вучиќ се сретна со Ердоган во Анкара

Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган
По средбата во четири очи, двајцата лидери ќе присуствуваат на третата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција / Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На Вучиќ претходно му беше приреден свечен пречек пред Претседателската палата, објави претседателот на Србија на Инстаграм.

– Ви благодариме за прекрасниот пречек! Свечено добредојде во чест на српскиот претседател Александар Вучиќ и средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, напиша Вучиќ.

Вучиќ ја започна својата еднодневна посета на Турција со посета на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.

По средбата во четири очи, двајцата лидери ќе присуствуваат на третата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција.

Официјални лица од двете земји потоа ќе потпишат неколку договори со цел зајакнување на билатералната соработка, по што Вучиќ и Ердоган ќе и се обратат на јавноста.

Посетата на Анкара Вучиќ ќе ја заврши со вечера со турскиот претседател.

Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE
Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE
Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот