ФОТО+ВИДЕО | Во Виена протести против карантинот и задолжителната вакцинација

Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот, на неколку локации, а најголемиот собир беше во Хелденплац, каде Слободарската партија на Австрија (ФПО) повика на протест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Еден ден откако австриската Влада одлучи да воведе карантин за сите граѓани и задолжителна вакцинација од 1 февруари, противниците на корона мерките организираа протести во центарот на Виена.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот, на неколку локации, а најголемиот собир беше во Хелденплац, каде Слободарската партија на Австрија (ФПО) повика на протест.

Меѓу насобраните беше и еден од првите „антиваксери”, Мартин Рутер, кој рече дека „тоа веќе нема никаква врска со демократијата и дека нема да дозволи наметнување вакцина”.

Собирот го обезбедуваат 1300 виенски полицајци, кои го контролираат носењето маски, бидејќи учесниците, според важечките епидемиолошки мерки, треба да носат маски ФФП2.

Во пресрет на собирите, полицијата предупреди на можно учество на екстремни десничари, што веќе се случи на претходните протести во првата половина од годината.

Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Извор: МИА

Видео на денот