ФОТО+ВИДЕО: Во полициска акција спречен транспорт на дрога во вредност од сто илјади евра

Архива Слободен Печат/Фото: МВР

Полицијата денеска лиши од слобода две лица од Арачиново, со што спречи транспорт на околу 35 килограми дрога во вредност од 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во утринските часови, како што велат од МВР, на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар-Тетово, полицијата дала знак за запирање на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А.(32), во кое сопатник бил О.А.(23), двајцата од село Арачиново, скопско. Тие не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото и се дале во бегство, а оштетиле и полициски возило. За брзо време, полицијата успеала да ги спречи и лиши од слобода.

При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се четири вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми, со вредност од околу 100.000 евра. На лице место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од ОЈО Тетово кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, велат од Министерството.

Фото: МВР

Сузана Прањиќ Талевска од МВР информираше дека против А.К, подолго време се преземале активности за негово пронаоѓање и апсење, бидејќи е распишана централна потерница поради бегство од затворот во Штип, каде треба да доиздржи казна од околу 6,5 години, а бил баран и по засписи за извршени повеќе кривични дела, како криумчарење на мигранти и шверц со дрога.

Фото: МВР

Лицата се приведени во СВР Тетово, а од МВР додаваат дека против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот