ФОТО+ВИДЕО | Во остатоците на „Титаник“ е пронајден мистериозен ѓердан од заб на ајкула

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ Magellan

Загубен ѓердан направен од заб на мегалодон ајкула, некогаш најголемиот и најмоќен океански предатор, е пронајден покрај остатоците од потонатиот брод „Титаник“, пишува „Њузвик“ (Newsweek).

„Титаник“ потона откако се удри во санта мраз во Северниот Атлантик, на 15 април 1912 година.

Ѓерданот го пронашла компанијата „Магелан“ со седиште на островот Гернзи на Ла Манш. Компанијата е специјализирана за подводни истражувања и мапирање на морското дно.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ Magellan

За потсетување, „Магелан“ заедно со продуцентската куќа „Атлантик“ од Лондон направија тродимензионален модел на „Титаник“. „Атлантик“ снима документарен филм за процесот на создавање на моделот. За да го направат моделот, подводни нуркачи без екипаж пловеле околу потонатиот брод „Титаник“ 200 часа и за тоа време направиле повеќе од 700.000 фотографии од него.

На една од тие фотографии, екипата од „Магелан“ забележала ѓердан направен од мегалодонски заб, во кој има и злато.

Извршниот директор на „Магелан“, Ричард Паркинсон, изјавил дека откривањето на ѓерданот е „неверојатно и прекрасо“ и „одзема здив“.

Мегалодон ајкулите изумреле пред приближно 3,6 милиони години, а првпат биле забележани пред повеќе од 20 милиони години. Според Природонаучниот музеј во Лондон, најголемиот мегалодон бил долг помеѓу 15 и 18 метри.

Забите од мегалодон можеле да бидат долги и до 17,5 сантиметри. Сепак, фосили од забите на мегалодон кои можат да се најдат во природата обично се долги меѓу осум и 13 сантиметри.

Од „Магелан“ не го извадиле ѓерданот од потонатиот брод бидејќи САД и Велика Британија се договориле да не се извлекува ништо од потонатиот брод.

Тие моментално се обидувааат да откријат кому му припаѓа ланчето. Вештачка интелигенција ќе придонесе за пребарувањето преку анализа на снимките од качувањето на патниците и контактирање со роднините на патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот