ФОТО+ВИДЕО | Ужас во Грузија: Урната станбена зграда, заглавени деца и жени

Урната зграда во Грузија/ Фото Twitter Screenshot

Дел од петкатна станбена зграда се урнала во Батуми, вториот по големина град во Грузија.

Според медиумите на социјалната мрежа Твитер, најверојатно под урнатините има жени и деца, пренесува Ројтерс.

Вонредната состојба се уште не е објавена

Екипите на брзата помош и пожарникарите биле испратени на местото на настанот, додека полицијата поставила кордон околу тоа место.

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите се обидуваат да се пробијат под урнатините.

Локалните медиуми јавуваат дека жителите, вклучително и децата, би можеле да бидат закопани под урнатините. Се уште не се објавени информации за причините за уривањето на зградата.

Според Русија Тудеј, едно дете било спасено од автомобил што бил под урнатините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот