ФОТО+ВИДЕО | Три лица загинаа во експлозија во населено место во Индијана

Експлозија во Индијана, САД
Фото: Evansville Mayor Lloyd Winnecke / Zuma Press / Profimedia

Властите во сојузната држава Индијана сѐ уште не можат да ја утврдат причината за силната екслозија што одекна во градот Eвeнсвил, при што три лица загинаа и 39 куќи беа оштетени.

Експлозијата се случила синоќа. Повеќе од десет служби реагирале и дошле на местото на настанот за спасување и гасење на пожарот.

Фото: Evansville Mayor Lloyd Winnecke / Zuma Press / Profimedia

Градначаликот Лојд Винек, го опишал настанот акако „разурнувачки“, истакнувајќи дека ќе биде потребно време да се дознае причината.

Покрај загинатите, најмалку едно лице било однесено во болница поради тешки повреди.

Фото: Evansville Mayor Lloyd Winnecke / Zuma Press / Profimedia

Според полицијата, бројот на жртвите може да биде и повисок. Оттаму укажаа дека соседството е опасно да се влегува и им порачаа на жителите да го избегнуваат тој дел од градот.

Иако нема официјални резултати од започнатата истрага, се претспоставува дека експлозијата е резултат на истекување гас. Слична експлозија во овој град имало и во 2017 година кога загинале две лица. Во Индијанополи пак, од експлозија на гас во 2012 година биле оштетени 80 куќи, а две лица загинале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот