ФОТО+ВИДЕО | Трета среќа: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го кажаа судбоносното „да“ во замок во Италија

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во Портофино, Италија, Фото: Instagram

Една недела откако легално се венчаа во Санта Барбара, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во трета и најраскошна свадбена церемонија си кажаа да во замокот Кастело Браун во Портофино, Италија.

На дизајнираниот спектакл, невестата носи мини фустан на Долче и Габана со огромен превез на која е извезена иконата од Богородица која Тревис си ја има истетовирано на черепот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Изгледот го комплетираше со гламурозна шминка и маникир во нијанса на бебешко розово. Младоженецот изгледаше подеднакво блескаво во црн костум од истата италијанска луксузна модна куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Меѓу гостите беа целото семејство Кардашијан-Џенер, односно братот и сестрите на Кортни, како и нејзините деца, Мејсон, Пенелопе и синот Рејн. Нивниот татко Скот Дисик не бил присутен, бидејќи наводно не добил покана, пренесува „Page Six“. Во меѓувреме, Баркер покрај себе за големиот ден ги имаше синот Ландон, ќерката Алабама и поќерката Атиана Де Ла Хоја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Други славни личности на свеченоста беа колегата од бендот на Баркер „Blink-182“, Марк Хопус и пријателот и соработник Машин Ган Кели.

Младенците првично се „венчаа“ со лажна венчавка во Лас Вегас во април. Откако интернетот се преплави со нивната спонтана венчавка, парот потврди дека церемонијата била само за забава, бидејќи тие не добиле дозвола за брак.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во тајност: Бракот не е легален

Секс и рокенрол: Кортни Кардашијан и Трeвис Баркер ги споделија фотографиите од венчавката

Фото: Instagram

Парот потоа легално се венча во центарот на судот во Санта Барбара во Калифорнија на 15 мај. Бабата на Кортни, Мери Џо Кембел и таткото на Тревис, Ренди Баркер, беа присутни на свадбата како сведоци.

Фото: Instagram
Фото: Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот