ФОТО+ВИДЕО | Трагедија во Мексико: Најмалку 19 погинати во автомобилска несреќа на патарина

Сообраќајка во Мексико
Фото: EPA-EFE/Madla Hartz

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вчера во централниот дел на Мексико, загинааа најмалку 19 лица, а тројца се повредени, јавија локалните власти.

Западните медиуми јавуваат дека несреќата се случила на патарина во близина на градот Чалко, на автопатот што Суидад де Мексико го поврзува со Пуебло, на 110 километри јужно од главниот град.

Камион со полна брзина налетал на поворка од шест возила, од кои повеќето се запалиле. Меѓу погинатите е и возачот на камионот, се наведува во соопштението на КАПУФ, Државната агенција за управување со патиштата.

Фото: EPA-EFE/Madla Hartz
Фото: EPA-EFE/Madla Hartz

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот