ФОТО+ВИДЕО: Топката за финалето во Лигата на шампионите ќе има натпис „Мир“

Ливерпул и Реал Мадрид ќе играат за трофејот во Лигата на шампионите/Фото: Принтскрин/twitter.com/adidasfootball

Топката што ќе се игра во финалето на Лигата на шампионите ќе биде понудена на аукција по натпреварот, а целиот приход ќе оди во Високата комисија на Обединетите нации за бегалци од Украина, соопшти „Адидас“.

Зборот „Мир“, на англиски и кирилица, ќе ја краси топката со која играчите на Ливерпул и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на шампионите в сабота, 28 мај (21.00 часот), објави во вторник германскиот производител на спортска опрема.

„Адидас“ воедно најави дека ќе стави ограничено издание на топката и целата заработка на аукција ќе биде дадена за бегалци од Украина.

– Топката што ќе се игра во финалето на Лигата на шампионите ќе биде понудена на аукција по натпреварот, а целиот приход ќе оди во Високата комисија на ОН за бегалци (УНХЦР) за да обезбеди заштита и помош на бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови – се вели во соопштението.

Финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, кое требаше да се игра во сабота во Санкт Петербург, е преместено на стадионот во Сен Дени, во близина на Париз, поради руската агресија врз Украина.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) која „остро ја осудува воената агресија“ која започна на 24 февруари, ги исклучи руските клубови од европските фудбалски натпреварувања следната сезона, а исто така реагираше и ФИФА, која ја исклучи Русија од Светското првенство во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот