ФОТО+ВИДЕО | Тамара Тодевска синоќа одржа концерт за паметење под отворено небо: Охрид, уживав

тамара тодевска
Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата пејачка Тамара Тодевска синоќа одржа концерт за паметење под отворено небо во охридскиот Антички театар.

Уникатниот простор, Тодевска го искористи најдобро што може, приредувајќи незаборавна забава за публиката. Музичкиот настан кој нејзините бројни обожаватели го очекуваа со нетрпение, несомнено го обележа летото.

Македонската поп дива блесна во најдобро светло досега, носејќи две златни креации кои совршено ја истакнаа нејзината убавина и уникатен сенс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Охрид, уживав“, напиша пејачката во описот на својот инстаграм-профил покрај фотографиите и видеото од синоќешниот концерт.

А дека приредила концерт од светски размер, зборат и бројните коментари под нејзината објава.

Ние уживавме љубави, каков жур ни сплете, не си свесна“, напиша нејзината горда сестра Тијана Дапчевиќ која го следела концертот од првите редови.

И ние уживавме. Браво Тамара, неверојатна енергија и маестрален глас!“, „Царица! Секоја чест и ние уживавме! Маестрална беше“, „Браво за тебе Тамара. Фантастична си“, беа само дел од коментарите.

Тамара, ти посакуваме уште многу успешни концерти!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот