ФОТО+ВИДЕО | Сондата Луси тргна на 12-годишна мисија кон Јупитер

Фото: EPA-EFE/Bill Ingalls

Сондата Луси на НАСА денеска беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида во мисија на истражување на астероидите на Јупитер.

Сондата Луси тргна на 12-годишна мисија и ќе помине речиси 6,5 милијарди километри во Вселената.

Над 14 метри долгата сонда се движи на бензин и на батерии, кои можат да бидат наполнети со помош на соларните панели.

Луси ќе лета во близина на Тројанците, седумте астероиди на Јупитер.

Тројанците се астероиди кои кружат околу Сонцето пред Јупитер и се движат еден зад друг.

Се претпоставува дека Тројанците се „остатоци од исконски материјал што формирал надворешни планети“ поради што НАСА се надева дека мисијата ќе даде нов увид во формирањето на планетите и Сончевиот систем.

Фото: EPA-EFE/Bill Ingalls
Фото: EPA-EFE/Bill Ingalls
Фото: EPA-EFE/Bill Ingalls
Фото: EPA-EFE/Bill Ingalls
Видео на денот