ФОТО+ВИДЕО: Со солзи во очите, Путин се прости од својот близок пријател
Рускиот претседател Владимир Путин се појави видно потресен на погребот на починатиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, кој почина во средата во арктичкиот регион, пренесува Дејли Меил.
Путин и Зиничев со години беа блиски соработници, а починатиот министер некогаш беше припадник на обезбедувањето на рускиот лидер.
Затоа не треба да изненадува фактот што токму Путин беше тој што се појави на неговата комеморација во Москва, и од почит кон неговиот загинат пријател, Путин се прекрсти пред ковчегот во согласност со православните обичаи.
Со букет црвени рози во рацете, Путин учествуваше на последното збогување со својот соработник. После тоа, тој седна меѓу сопругата на Зиничев, Наталија и неговиот син Денис.
Зиничев во средата почина на должност, спасувајќи го животот на едно лице за време на вежбите во рускиот град Норилск.
Како што беше претходно објавено, Зиничев се обиде да го спаси рускиот режисе Александар Мелник, кој паднал во водата, но за жал министерот слетал на карпа и загинал.
Рускиот претседател Владимир Путин постхумно ја додели титулата руски херој на Евгениј Зиничев.
Трагедија во Русија: Министерот за вонредни ситуации загина за време на вежба во Норилск