ФОТО+ВИДЕО: Снег низ речиси сите делови од земјава

Првиот снег во 2022/ Фото Слободен печат Драган Митревски

Утрово главниот град конечно го дочека првиот снег. Покрај во Скопје, во голем дел од земјава денеска врне снег. Иако измешан со дожд, снегот паѓа во големи количини.

Првиот снег во 2022/ Фото Слободен печат Драган Митревски

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и повремен снег и со слаб до умерен сверен ветер. Попладне врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

За утре УХМР најавува повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот