ФОТО+ВИДЕО | Силно невреме во Кавадарци, поплавени подруми на повеќе куќи

Фото: Фејсбук, Митко Јанчев

Силно невреме со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати Кавадарци, при што од невремето биле поплавени подруми од куќи и повеќе улици, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул. 7 Септември, на која во моментот три екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, известија од ЦУК.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев објави фотографии и снимки од поплавените улици во градот и ги повика сите граѓани кои имаат проблем од невремето да пријават на телефонскиот број 13 300.

Исто така, Јанчев извести дека интензивно се работи на перење и чистење на сите сливници на улиците ширум градот, потенцирајќи дека службите од ЈП Комуналец и ТППЕ Кавадарци се на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот