ФОТО+ВИДЕО | Шилегов: Градот е сериозно посветен на помошта на занаетчиството

Петре Шилегов Скопска чаршија
Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Градот е сериозно посветен на помошта на занаетчиството во нашиот град. Успеавме од 2018 година навака репроматеријалите на секој занаетчија да ги субвенционираме до 80 проценти, а ги намаливме и надоместоците за користење на јавен простор. Во Скопје секој е важен, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, по одржаната средба со занаетчиите.

Градоначалникот напомена дека со занаетчиите во делот на Старата скопска чаршија оствариле плодна средба, на која дискутирале за мерките што Градот ги преземал изминативе четири години, и нивно квалитетно надополнување.

– Градот е сериозно посветен на помошта на занаетчиството во нашиот град. Скопје има некаде околу 2 илјади регистрирани занаетчии кои на извесен начин се и мотор на нашата скопска економија. Ние успеавме од 2018 навака да репроматеријалите на секој знаетичија ги субвенционираме до 80 проценти, со 50 илјади, или до максимум 50 илјади денари, што всушност и многу им помогна на овие луѓе да започнат свои бизниси, да ги одржат бизнисите во тешките времиња кои ни следеа во текот на пандемијата, и токму заради тоа да видиме кои се другите чекори кои можеме да ги направиме, рече Шилегов.

Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Тој потенцираше и дека Градот ги намали надоместоците за користење јавен простор на занаетчиите и општо на правните субјекти. Со мерките, како што рече, покажуваат дека секој човек е важен и оти не се прави селекција на кого ќе се помогне, туку се помага на сите.

– Со овие мерки кои ги спроведуваме и со кои сега разговараме за нивно квалитетно зголемување и дополнување покажуваме дека нам секој човек ни е важен. Не правиме селекција на кого помагаме на кого не, помогнавме на секого и ќе помагаме и во иднина на секого, затоа што неколку пати имам кажано, Скопје е над сите нас, додаде Шилегов.

Петре Шилегов Скопска чаршија
Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Тој смета дека занаетчиите одбираат континуитет и одбираат Градот да се развива во оваа насока.

– Јас сметам дека и од она што разговарав со занаетчии е дека тие одбираат континуитет, и истите ќе одберат градот да се развива во таа насока, да им помогнеме на занаетите, дури и на исчезнатите занаети. Убеден сум во континуитетот на развојот на нашиот град, додаде скопскиот градоначалник.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот