ФОТО+ВИДЕО | Шилегов ѝ ја предаде функцијата на Арсовска: Нејзин избор е кои проекти ќе ги продолжи

Данела Арсовска и Петре Шилегов
Петре Шилегов и ја предаде градоначалничката фотелја на Данела Арсовска / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Изборот е на госпоѓа Арсовска во однос на тоа кои од проектите ќе продолжи да ги работи. Сепак тоа што е завршено како проектна документација ќе биде завршено од страна на г-ѓа Арсовска, рече поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, откако ѝ ја предаде функцијата градоначалник на Данела Арсовска.

Тој нагласи дека во администрацијата се вработени квалитетни луѓе кои на новата градоначалничка ќе ѝ помогнат во извршување на работите.

Шилегов смета дека политичкото мнозинство е стабилно и дека случувањата од викендов се само „забава за јавност“.

– Стабилно е политичкото мнозинство. Тоа што се случуваше викендов беше замајување на јавноста или забава за јавност, во обид да се остане во политичка игра. Очекувам дека во текот на оваа недела ќе имаме седница на извршниот одбор на партијата, рече Шилегов.

Данела Арсовска и Петре Шилегов
Данела Арсовска и Петре Шилегов / Фото: „Слободен печат“ –  Драган Митрески
Видео на денот