ФОТО+ВИДЕО | Шахпаска: Со општина Карпош започна Проектот за подобрување на социјалните услуги

Јагода Шахпаска
Фото: Министерство за труд и социјална политика

Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Црвениот крст им ја додели дозволата за вршење на дејноста.

– Оваа социјална услуга има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување и тоа преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка до сега се поддржани 19 проекти во 24 општини. За давање на услуги обучени се 300 лица – негуватели, кои до сега биле долгорочно невработени лица и корисници на Гарантирана минимална помош, а со услугите ќе бидат опфатени околу 900 корисници, рече министерката Шахпаска.

Стратешка цел на социјалната реформа, која заедно ја спроведуваат македонската влада и Министерството за труд и социјална политика е да обезбеди темелни промени во зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на живот во земјата.

– Си зададовме задача да создадеме промени во овој сегмент што ќе резултираат со нови достапни социјални услуги, според потребите на граѓаните и кои ќе бидат поблиску до корисниците. Навистина сме горди што преку овој нов инклузивен модел овозможуваме двојна придобивка. Прво – се креира услуга која навистина нуди нова додадена вредност за оваа категорија на граѓани и ќе им овозможи реална помош, и второ – оваа услуга како и другите што произлегуваат од социјалната реформа нуди можности за вработување и преквалификација. Ова е навистина еден сеопфатен пример за социјална политика која е базирана на што поголема интеграција на ранливите групи, со што се подобрува нивниот квалитет на живот, рече министерката Шахпаска, посакувајќи им успех во работата на „Нега Центар Карпош“ и на Црвниот крст на Град Скопје.

Јагода Шахпаска Стефан Богоев
Фото: Министерство за труд и социјална политика

Социјалната реформа се темели на четири постулати: плурализација – преку која покрај државата овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата, инклузија – преку што се менува традиционалниот пасивен, во активен пристап, деинституционализација, која е еден од главните столбови на Законот за социјална заштита и децентрализација, со што се вклучуваат и општините во процесот на социјални услуги.

– Од денеска, започнуваме со спроведување на уште една социјална услуга на локално ниво во општина Карпош која е од големо значење за граѓаните. Имајќи предвид дека Карпош е општината со најголем број на возрасни сограѓани, среќен сум што овие домашни посети стануваат реалност. Нашите баби и дедовци, оние кои нè израснале заслужуваат достоинствена старост и вистинска грижа. Сите информации и новости во врска со услугата, ќе можат да се добијат и во инфо – канцеларијата на мостот „Влајко“, истакна Стефан Богоев градоначалник на општина Карпош.

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пановска рече дека од денес старите лица кои имаат потреба од помош ќе имаат негуваели кои е се грижат за нивните секојдневни потреби.

– Овие лица ќе бидат и нивни пријатели и искрено се надеваме дека ќе внесат свежина и радост во нивниот секојдневен живот и ќе им помогнат. Како и досега така и од сега, поддршката од страна на Министерството за труд и социјална политика и Општината Карпош е од огромно значење. Успехот и понатаму ќе зависи од нашата заемна соработка, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар во Црвениот крст во Скопје.

Проектот е поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа, бидејќи со вклучувањето на општините значително се подобрува достапноста на услугата до граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот