ФОТО+ВИДЕО | Се почитуваа антиковид мерките сѐ до бакнувањето на крстот

Фото: „Слободен печат“ / Горан Наумовски/Елисавета Бејкова

Стотина верници од православна вероисповед денеска се собраа во манастирот „Света Богородица“ на Матка, скопско, каде се прославуваше верскиот празник Голема Богородица.

Антиковид мерките и овојпат делумно се почитуваа. На самиот влез во црковниот двор дезинфекција рацете на верниците вршеа волонтери на Црвениот крст. Иако од страна на црковните власти беа истакнати постери за заштита од ковид-19, сепак дел од верниците не се придржуваа кон носењето на заштитни маски, кои бесплатно беа делени и при самиот влез во црковниот двор. Цело време додека траеше литургијата, верските лица не носеа маски.

Општо непочитување на антиковид мерките започна кога на ред дојде да се бакне светиот крст. Тогаш сите верници ги извадија маските и го бакнуваа крстот. Во склоп на црковната прослава беше организирана и крводарителска акција. Прославата на Голема Богородица на Матка е само дел од денешното црковно одбележување на овој голем православен празник.

Видео на денот