ФОТО+ВИДЕО | Се гушкала со сите: Кучка пронајдена во ѓубре ги освои вработените во засолништето

Фото: Фејсбук/„Stray Rescue of St. Mary“

Кога еден случаен минувач забележал напуштена кучка во близина на куп ѓубре, знаел дека треба да побара помош, а вработените во локалното претпријатие за третман на улични кучиња во Сент Луис веднаш излегле на терен.

„Кога стигнавме таму, таа сѐ уште нушкаше во ѓубрето бидејќи беше гладна, а забележавме и дека е слаба“, изјавила Дона Лохман, вработена во засолништето „Stray Rescue of St. Mary“.

Веднаш штом ги приметила луѓето од засолништето, кучката се сокрила зад кантите со ѓубре. Лохман знаела дека, ако сака да ја спаси, ќе мора да ја стекне нејзината доверба.

Со оглед на тоа што животното било гладно, тие се обиделе да ја придобијат со храна.

„Таа добро реагираше на колбасите, но кога клекнав и ѝ понудив уште едно парче, таа помина покрај храната и ми пријде“, вели Лохман.

Наместо да ја земе храната која ѝ била понудена, гладната кучка ѝ се приближила на својата спасителка и ја погледнала право во очи.

„Како да велеше: ‘Дали си тука за да ми помогнеш?’“, раскажала Лохман.

Штом ја добила нејзината доверба, ѝ ставила поводник околу вратот и ја однела во автомобилот. Кога пристигнале во засолништето, кучката ги освоила сите вработени.

Тие ѝ го дале името „Мали прсти“ („Little Toes“).

„Таа беше толку пријатна и ги прегрна речиси сите“, споделила нејзината спасителка.

Преслатката кучката не останала долго во засолништето бидејќи веднаш била вдомена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот