ФОТО+ВИДЕО | Сара Мејс ужива со семејството на егзотичен одмор во Египет: Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов мој
Нашата пејачка Сара Мејс деновиве ужива во убавините на Хургада, Египет заедно со својот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.
View this post on Instagram
Славниот македонски пар активно споделува моменти од својот летен одмор. Димитар и Сара на социјалната мрежа „Инстаграм“, со своите пријатели и обожаватели споделуваат интересни фотографии и кратки видеа со кои ја доловуваат прекрасната тропска атмосфера.
View this post on Instagram
Оние кои ги следат, знаат дека двајцата сопружници се љубители на бројни спортски активности, a очигледно годишниот одмор не ги оддалечува од својата пасија.
View this post on Instagram
„Одмооор! Ура!“, напиша Сара во описот на првата фотографија од летниот одмор, а нејзините обожаватели и пријатели не ја криеја својата воодушевеност.
View this post on Instagram
„Среќа е да имаш ќерче“, напиша пејачката позирајќи со својата ќерка Илина, праќајќи топли поздрави од Египет.
View this post on Instagram
„Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов мој… Немам зборови колку беше убав… и денов и моиве двајца и луѓево тука и работите што ги видовме и нештата што ги искусивме… приказна… Ги гледам видеава и сликиве сега и си викам е ај што да шернам? П.С многу ми е жал што видеава се скратени (од горе и долу, ради форматот на инстаграм), инаку уште повеќе „рајска градина“ се коралниве гребени во живо…“, напиша Сара Мејс во галеријата од фотографии и видеа.