ФОТО+ВИДЕО | Самитот ЕУ – Западен Балкан заврши без какви било резултати

Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама
Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама на самитот ЕУ - Западен Балкан / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Самитот ЕУ – Западен Балкан, што траеше повеќе од три часа, заврши во Брисел без заедничка изјава и без прес-конференција. Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека закажаната конференција е одложена поради недостиг на време бидејќи состанокот траел подолго од планираното, а заедничката декларација не била ни закажана.

И покрај недостатокот на какви било резултати, придружбата на Мишел вели дека „средбата поминала добро“, јавија западни медиуми. Лидерите на 27-те земји-членки ќе го започнат својот редовен самит подоцна попладне и се очекува да дадат зелено светло за кандидатски статус за Украина и на Молдавија.

Заедничка фотографија на лидерите присутни на самитот ЕУ – Западен Балкан / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Со тоа, двете држави ќе ги прескокнат Босна и Херцеговина и Косово, единствените две земји од Западен Балкан кои сѐ уште немаат кандидатски статус. ЕУ му вети европска перспектива на Западен Балан, на самитот во Солун во 2003 година.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој пред самитот со Западен Балкан изјави дека нема изгледи за деблокирање на отворањето на преговорите со Скопје на самитот, навести дека решението може да се постигне на наредните денови.

Кирил Петков во Брисел, Белгија / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Имаше предлози за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, но за тоа нема консензус.

Нацрт-заклучоците што треба да ги усвојат лидерите на ЕУ за време на самитот ја повторуваат „целосната и недвосмислена посветеност“ на перспективата за членство на земјите од регионот и повикуваат на „забрзување на процесот на пристапување“.

Знамињата на Босна и Херцеговина и Европската унија / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Нацрт-заклучоците го поздравуваат договорот постигнат од водачите на парламентарните партии на БиХ на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 12 јуни, на кој тие ветија, меѓу другото, да ги спроведат ограничените уставни и изборни реформи.

Европскиот совет ги повикува политичките лидери на Босна и Херцеговина брзо да ги спроведат ветувањата дадени во договорот и да ги завршат уставните и изборните реформи, што ќе и овозможи на земјата да постигне одлучувачки напредок на нејзиниот европски пат, во согласност со приоритетите на Комисијата.”

Извор: МИА

Ковачевски го отфрли францускиот предлог: Во ваква форма не е прифатлив за мене, за институциите и за граѓаните на РСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот