ФОТО+ВИДЕО | Роналдо ѝ приреди неверојатно изненадување на Георгина во Дубаи: Фудбалерот се надмина!

георгина родригез
Георгина Родригез и Кристијано Роналдо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кристијано Роналдо ѝ приреди неверојатно изненадување на својата вереница Георгина Родригез за нејзиниот роденден.

Славниот фудбалер ја „пикирал“ највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи која светна со ликот на неговата сакана!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Георгина вчера го прослави својот 28 роденден, а тој ден го помина со Роналдо и семејството во Дубаи, каде периодов клубот Манчестер Јунајтед се одмара во потопла клима и се подготвува за продолжението на сезоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Роналдо на својот инстаграм-профил објави и видео во кое ѝ го честита роденденот, а Георгина била видно шокирана од изненадувањето.

„Вака завршува еден преинтересен ден, немам зборови. Благодарам, благодарам и благодарам, Кристијано. Не можеше да ме направиш посреќна од ова“, напиша Георгина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот