ФОТО+ВИДЕО | Роналдо ѝ ја расипа роденденската журка на Георгина

Фото: Принтскрин/Твитер/ Инстаграм

Георгина Родригез го прослави 29-тиот роденден во луксузен ресторан во Ријад, но прославата ѝ ја расипа нејзиниот свршеник, славниот фудбалер Кристијано Роналдо.

„Навршив 29 години опкружена со луѓе и мали луѓе кои ги сакам со целото мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Господ за сè. Ви благодарам на сите што одвоивте малку време да ми честитате и да испратите толку многу љубов“, напиша Георгина на Инстаграм со серија фотографии од роденденската прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

За таа прилика Георгина облекла тесен бел фустан кој ги истакнал нејзините облини. Роденденот го прославила опкружена со семејството и пријателите, а странските медиуми објавија дека манекенката и фудбалерот не влегле во ресторанот истовремено. Прва пристигнала славеничката со децата. Георгина имала сериозен изглед на лицето, а камерите ја уловиле како негодува.


Потоа дошол Роналдо со пријателите. Ова очигледно ѝ пречело на Георгина, бидејќи фудбалерот бил во центарот на вниманието и сите го фотографирале, додека таа паднала во втор план. Бројни обожаватели го чекале Роналдо, па по прославата го опсипале со молби за фотографирање и автограми. Тогаш Георгина уште еднаш била во негова сенка.


Шпанката сè уште не откри што добила од својот свршеник за роденден, а таа за Божиќ му подари скапоцен Ројс-Ролс.

Да потсетиме, Роналдо и Георгина се во врска од 2016 година и ги имаат ќерките Алана (5) и деветмесечната Бела. Фудбалерот со помош на сурогат-мајки ги доби синот Кристијан Роналдо Помладиот (12) и близнаците Ева и Матео (5).

ФОТО: Георгина Родригез позираше пред приватен авион, еден скапоцен детаљ го привлече вниманието на многумина

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез заминаа на одмор: Прво лето со новиот член на семејството

ФОТО | Кристијано Роналдо се огласи по смртта на синот: Мајката и бебето се дома

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот