ФОТО+ВИДЕО: Роналдињо беше во затвор со пет долари во џебот, а сега е повторно милионер

После незаборавната 2020 година, конечно се врати насмевката кај Роналдињо/Фото: EPA-EFE/NATHALIA AGUILAR

Расипничкиот начин на живот го фрли во очај еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдињо, но за среќа успеа да излезе од тешката ситуација и сега повторно ужива во сите придобивки од животот со препознатливата насмевка на лицето која беше присутна и во текот на своите натпревари.

За Роналдињо, 2020 година беше најлошата година во неговиот живот. Во февруари, неговата мајка почина како последица од коронавирусот, а само еден месец подоцна, фудбалерот заврши во парагвајски затвор.

Роналдињо беше уапсен на 6 март, заедно со неговиот брат и деловен менаџер Роберт Асис, кога се обидоа да влезат во Парагвај со фалсификувани парагвајски пасоши.

Поради долговите за коцкање и хедонистичкиот живот, му останаа само пет долари на банкарските сметки во Бразил, но успеа да застане на нозе.

Роналдињо помина 32 дена во затвор. Подоцна успеал да ја активира сметката што ја имал во Европа, па тој и неговиот брат Родриго платиле кауција од 1,6 милиони евра за да го напуштат затворот во Парагвај и да чекаат завршување на судската постапка во домашен притвор.

Судот во Асунсион подоцна го прифати „условното суспендирање“ на обвиненијата, со што Роналдињо всушност беше ослободен од каква било одговорност за злосторство, но со обврска да плати 90.000 американски долари трошоци, кои ќе бидат доделени во добротворни организации.

По сите проблеми што ги имаше, успеа да ја врати насмевката на лицето. Снима реклами и спотови, игра фудбал (рекреативно или егзибициски), ужива во животот и повторно има милиони!

Во Бело Хоризонте, тој доби статус на почесен граѓанин и ја промовираше изградбата на новиот стадион Атлетико Минеиро. Тој сними музичко видео, започна со производство на алкохолни пијалоци…

Тој стана заштитно лице на голема обложувалница со која потпиша повеќегодишен договор за соработка.

Тој повторно е заштитно лице на најпопуларните фудбалски компјутерски игри – ФИФА и ПЕС. Се разбира, тоа му донесе огромна заработка.

Бразилските медиуми го проценуваат неговото сегашно богатство на околу три милиони долари. Неговите пријатели тврдат дека Бразилецот конечно повторно ужива во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот