ФОТО+ВИДЕО | Рита Ора со фотографија во топлес ја најави новата песна и откри дека се омажила

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Пејачката Рита Ора конечно потврди дека е во брак со режисерот Таика Ваитити додека гостуваше во емисијата „Харт радио брекфаст“ (Heart Radio Breakfast) за да ја промовира својата нова песна.

– Да, мажена сум. Официјално не сум повеќе на пазарот. Одлучив да бидам приватна околу тоа – изјави 32-годишната пејачка која го најави објавувањето на новата песна со фотографија на која е топлес на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Коментирајќи го големиот ден, Рита рече дека било „совршено“ и „токму како што таа го замислувала“.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

– Беше прекрасно, беше совршено. Убаво е да чувате некои работи за себе. Жал ми е што не звучам толку интересно. Еден ден ќе направам голема забава – додала пејачката, која се уште не е сигурна дали ќе го земе презимето на сопругот.

– Секако размислував за тоа да го земам неговото презиме, но работев многу напорно за моето презиме Ора. Не знам. Сѐ уште не сум одлучила – објаснила таа.

Таа зборувала и за борбата со силниот притисок на славата, објаснувајќи како блиските пријатели и членовите на семејството ѝ помогнале да ги преживее моментите кога дури сакала да се откаже од кариерата.

– Сакав да се откажам. Си помислив: ‘Дали вреди ова?’… Како што станав попозната, сфатив дека луѓето угледуваат на мене. Станувате пример, а понекогаш не сте подготвени за тоа затоа што само си сакал да правиш музика. А, сега ве следат милиони луѓе. Така што психолошки е навистина интензивно – заклучила пејачката.

Рита Ора ќе се мажи: Пејачката и режисерот Таика Ваитити планираат мала церемонија

 

Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот