ФОТО+ВИДЕО | Распукани ѕидови во Битола, чаши се тресеа во Скопје

Фото: Фејсбук, Горан Милевски/Скриншот, Фејсбук

Вечерва голем број битолчани излегоа на улиците каде се чувствува вознемиреност по серијата земјотреси кои се случија во близина на градот Лерин во Грција.

– Страшно нешто, овој земјотрес беше уште полош од оној пред многу години(во 1994 година). Мислев дека паднаа сите елементи во зградата. И другпат сме имале земјотреси, ама овој траеше многу подолго, изјави жителка на Битола за телевизија Телма.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на својата Фејсбук страница сподели фотографии на коишто се гледа материјална штета од земјотресите, односно распукани ѕидови на дел од објектите во Битола.

– Силен земјотрес во Битола, напиша Милевски.

„Битола на 9. спрат хорори земјотресот“, „Битола убаво тресеше…“, „Не сте свесни како стресе во Битола“ се дел од коментарите коишто ги пишуваат вознемирените жители на Битола на социјалните мрежи.

Но, дека земјотресот беше силно почувствуван и во Скопје, сведочи ова видео коешто вечерва беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот