ФОТО+ВИДЕО | Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања” во Дубаи

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“, во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, каде имаше можноста да сподели ставови за родовата еднаквост.

Ѓорѓиевска истакна дека настанот претставува одлична можност да се слушнат предизвиците на жените во денешно време и да се разменат искуства за неопходните чекори за подобрување на родовата еднаквост и зајакнување на улогата жените.

На панел дискусијата, таа се осврна на предизвиците со кои жените се соочуваат денеска, при што нагласи дека се потребни заеднички напори за да се поттикне женското лидерство.

Ѓоргиевска истакна и дека е потребно жените и нивните потреби да бидат вклучени при креирањето на политиките и да се отстранат причините што ја попречуваат и оневозможуваат родовата еднаквост.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Во однос на застапеноста на жените во јавниот и политичкиот живот, Ѓоргиевска нагласи дека Северна Македонија има донесено неколку законски инструменти за унапредување на застапеноста на жените.

Исто така, посочи дека земјава ја ратификуваше Истанбулската конвенција и дека во тек се активности за нејзина операционализација во домашното законодавство.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, првата дама на маргините од учeството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, во Дубаи оствари средби со Oхуд Калфан Ал Руми, државна министерка за владин развој и иднина на Обединетите Арапски Емирати, државниот министер за вештачка интелигенција Омар Султан Ал Олама, со Риим Ал Хашими, државна министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, како и главниот директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот