ФОТО+ВИДЕО | Протести во Чиле: Една жена загина, 17 повредени

Протести во Чиле
Фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES

Една жена загина на протестот на домородното население во Чиле, во главниот град на земјата Сантијаго, јави ДПА.

Полицијата соопшти дека група луѓе со качулки ги нападнале полицајците со огномет, од кои едниот ја погодил жената.

Полицијата соопшти дека 17 полицајци се повредени, а десет лица приведени на „маршот за отпор и автономија на Мапуче“.

Жената која почина беше студентка по право која ги набљудуваше демонстрациите за организација за човекови права, соопштија организацијата и нејзиниот универзитет. Нејзината мајка им рече на новинарите дека никој не верува во објаснувањето на полицијата.

Корисниците на социјалните мрежи ги обвинија безбедносните сили за бруталност кон демонстрантите и побараа појаснување.

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а стотици се повредени досега на повеќемесечните демонстрации во Чиле. Собрание на Чиле започна со изготвување нов устав во јули како одговор на протестите.

Собранието го води Елис Лонкон, универзитетска професорка во Мапуче. Седумнаесет од 155 места беа резервирани за домородните членови – од кои седум за луѓето од Мапуче.

Мапуче со децении се бори за враќање на нивните земји.

Фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES
Фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES
Фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES
Фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот