ФОТО+ВИДЕО | „Продавницa на чесноста“ во Швајцарија: Нема продавач, а купувачите ги плаќаат производите по своја проценка

Фото: Фејсбук/„Продавница на чесноста“

Во малото швајцарско село Гимелвалд, кое се наоѓа на надморска височина од 1.363 метри, е отворена првата „Продавница на чесноста“ („The Honesty Shop“).

Според описот на официјалната интернет-страница на пансионот „Гимелвалд“, во чиишто рамки продавницата работи, таа е прва од ваков вид во Европа.

„Оваа ‘Продавница на чесноста’ е првиот селски трговски објект во Швајцарија и Европа што целосно зависи од довербата и чесноста на купувачите. Самите го земате она што го сакате, ставате соодветна сума пари во плико, го ставате во приложената кутија за чесност и се чувствувате добро поради тоа!“, се вели во описот на пансионот „Гимелвалд“.


Имено, станува збор за продавница во која нема ниту продавачи, ниту камери. Купувачите купуваат без каков било надзор, а во продавницата се нуди домашна рачна изработка, сувенири, храна и пијалаци.


Многумина се воодушевени од овој концепт, но дел од интернет корисниците сметаат дека ваквите продавници не би можеле да функционираат во другите земји ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот