ФОТО+ВИДЕО | Принцот Хари и Меган Маркл „уловени“ во бар во друштво на нафтен магнат

принц хари меган маркл
Принц Хари и Меган Маркл во посета на Њујорк / Фото: EPA-EFE

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк и Меморијалниот центар за 9/11 во Менхетен, што воедно е нивно прво официјално појавување во јавноста откако го напуштија британското кралско семејство и се преселија во Калифорнија во 2020 година, пренесува „Daily Mail“.

ВИДЕО+ФОТО | Првпат во јавност по породувањето: Принцот Хари и Меган Маркл во Њујорк

Двојката за првпат се раздели од своите деца Арчи и Лилибет, кои ги оставиле во Лос Анџелес. Имено, тие пристигнале во Њујорк во колона од десетина автомобили и дваесетина телохранители.

Вечерта пред посетата на Меморијалниот центар, Меган и Хари уживале во опуштена прошетка, за време на која секој нивен чекор бил следен од армија папараци. Тие престојувале во луксузниот хотел „Carlyle“ каде што цената за ноќевање изнесува 1.600 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tudor lover (@bea_york)

Принцот Хари и Меган имале средба со нафтениот магнат Мајк Хејс и неговата сопруга Миша Нуно во прекрасниот бар „Bemelmans“. А наводно Мајк и Миша се главните „виновници“ за познанството на оваа славна двојка.

Војводата и војвотката од Сасекс пиеле мартини со своите пријатели, па по три часа го напуштиле барот преку задниот влез со телохранители.

Повеќе фотографии и видео од вечерта може да видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот