ФОТО+ВИДЕО | Претседателот Пендаровски се сретна со студенти од Дипломатската академија од Виена

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими студенти од Дипломатската академија од Виена, придружувани од директорот на Академијата, амбасадорот Емил Брикс, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Студентите од оваа реномирана дипломатска академија со седиште во Австрија престојуваат во посета на Скопје, во рамки на нивната турнеја низ Западен Балкан.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Во воведното обраќање, претседателот Пендаровски ги запозна студентите со клучните аспекти во стратешките надворешно-политички цели на земјава, политичките случувања и предизвици на патот до членството во НАТО и преговорите за членство со ЕУ.

На сесијата прашања и одговори, претседателот Пендаровски и студентите од повеќе земји, разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, европските перспективи на земјава и останатите држави од регионот, како и за случувањата во поширокиот регион, во контекст на руската инвазија над Украина.

Видео на денот